Григор Копров со авторска песна на Сплитскиот фестивал

Композиторот Григор Копров ќе има песна на Сплитскиот фестивал. Песната „Сунце и ја“  ќе ја изведе Теди Грубица. Песната е по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски.

Во богатата музичка биографија на фестивалот, настапуваа и победуваа најголемите имиња, најдобрите интерпретатори: Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја Оџаклиевска, Мики Јевремовиќ, Мери Цетињиќ, а Коров се натпреварувал со седум песни од кои публиката и денес ја памети „Да море зна“, што во 1986 година ја изведе Калиопи.

Инаку, неколку претставника од ова 63-то издание на Сплитскиот фестивалот, ќе настапат на „Охрид фест“. Како што рече организаторот, големиот јубилеј, 30-тото издание на фестивалот ќе значи и збратимување и соработка со врвни музички фестивали.

 

Scroll to Top