Хајди Клум неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а еден од нив се интересираше колку килограми има позната манекенка.
Таа без двоумење стапна на вага и покажа дека има 62,5 килограми, а веднаш почнаа шпекулациите како ја одржува фигурата.
Во еден од медиумите се појави информација дека манекенката внесува 900 калории дневно, што таа брзо демантираше.
“Само што пристигнав дома и некои пријатели ми ги праќаат овие написи каде пишува дека внесувам само 900 калории. Најпрво сакам да кажам дека никогаш во животот не сум морала да бројам калории“, изјавила Хајди.