Хотелската соба е крива што Марија го избрка Лабунски од „Гранд“

Откако Марија Шерифовиќ го исфрли македонскиот пејач Адам Лабунски од шоуто „Ѕвездите на Гранд“, тој објави вибер-преписка за која вели дека е причина за караницата со пејачката. Тој вели дека проблемот настанал откако еден од кандидатите на Марија, Даниел Васиќ, кој бил сместен во истата хотелска соба со Адам, сакал да го донесе во собата и својот татко. Но, ова не му се допаднало на Лабунски, па ѝ се пожалил на Шерифовиќ. Но, нaместо поддршка, таа им рекла проблемот да си го решат сами. Во преписката во групната порака, Марија му вели на Даниел дека хотелските соби се само на пејачите, но не и за нивните родители. Иако сместувањето во хотелските соби го посочи како причина за кавгата, Адам не откри што се случувало меѓу него и Марија и зошто продукцијата решила да го избрка од шоуто. Тој никаде не кажува што всушност е главната причина за кавгата.

Почина матурант на чија матура требало да пее Адам Лабунски, пејачот не го враќа капарот

Вчера Марија откри дека Адам веќе не е дел од шоуто на „Гранд“, но не ја кажа причината. Таа уште на почетокот на шоуто имаше несогласувања со Лабунски. Откако во квалификациите Карлеуша го нарече Адам арогантен, Марија му се налути затоа што по предлог на татко му, пејачот Ибро Лабунски сменил песна што ја спремале за вториот круг. Тогаш и Ѓорѓе Давид се искара со Ибро, кој тврдеше дека неговиот син Адам е голема ѕвезда и дека не треба да ги слуша советите на менторите.

Scroll to Top