И млади и стари сукаа зелник и играа оро со Блага Петреска на плоштад во Пробиштип

Зелници и пити се сукаа на плоштадот во Пробиштип по 10. пат на манифестацијата „Зелникот на баба“. Додека се месеше, од сцената присутните ги забавуваа македонските фолк-пејачки, Блага Петреска, Ани Малинкова и Ирена Спасовска, а како водителка беше Ирена Спировска.

Се играше и оро, се пееја македонски песни, а имаше и посетители од соседните земји Србија и Бугарија. На 16 штандови натпреварувачи се натпреваруваа во брзо сукање зелник. Повозрасните им демонстрираа на помладите како се изработува зелник и како се печење под вршник.

На градскиот плоштад имаше богата понуда на зелници и производи од тесто, кои се продаваа на парче, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Фото: фејсбук Општина Пробиштип

Scroll to Top