Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов објави извадок од автобиографската книга „Прирачник за анти-алкохоличари. Во неа тој потсетува на времето кога почнал да глуми во познатата детска партизанска серија „Волшебното самарче“, но и дека освен семејството Далас и неговото , не знае пример каде играат во филм тројца актери од фамилија.
„Се започна со „самарчето“. И тоа она „волшебното“. Имав само 12 години. Бев најобично курле. од Скупи. Го глумев легендарниот партизански курир кој шверцува лекови, писма, оружје и разни други антифашистички нешта. Мајка ми ја играше мајка ми, а дедо ми – дедо ми. Три генерации актери во еден филм, луѓе мои. Освен славното семејство Далас во една холивудска лимонада, каде што заедно играат стариот Кирк, син му Мајкл и внукот, на кој никако не успевам да му го запомнам името, за друг таков случај не сум чул.“, пишува во книгата на Џамбазов.