Илустраторот Зоран Кардула дизјанираше постер за „Нина девојчето со крофните“

Познатиот македонски графички дизајнер и илустратор Зоран Кардула на Твитер објави плакат од единаесетгодишната Нина Нинковиќ, девојче од Нови Сад кое неколку дена продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко, Зоран.

Заедно со објавата, Кардула напиша дека мора да направи постер за Нина во знак на благодарност за нејзината љубов и борбата да собере пари за лекување на нејзиниот татко.

Тој побарал и некој од Нови Сад да испечати плакат и да и го предаде на Нина.

„Нина девојчето со крофните. Морав да и направам плакат во знак на благодарност за нејзината љубов и болка за да собере пари за лекување на татко и, би сакал некој од Нови Сад да ми пише да им ја испратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина“, стои во објавата на Кардула.

Во еден од коментарите под оваа објава стои дека постерот наскоро ќе и биде доделен на девојката.

Да потсетиме, за да помогне во лекувањето на нејзиниот татко, Нина од Нови Сад секој ден од 17 до 19 часот продава крофни по симболична цена од 100 динари во населбата Адице. Нејзината мајка преку група на Фејсбук ја информирала јавноста за продажбата на крофни.

Scroll to Top