Јелена Ѓоковиќ покажа дека не се срами од седа коса: во кежуал стајлинг го поддржа сопругот на Вимблдон

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена од трибините на Вимблдон ја покажа седата коса и со тоа порача дека да се биде природно денес е сосема во ред и дека не треба да се кријат белите влакна.

Јелена била облечена во карирано палто со нежни тонови, фармерки и бела маица.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра полуфиналниот меч на Вимблдон против Италијанецот Јанико Синер, а во публиката како поддршка беа неговата сопруга Јелена, неговиот татко Срѓан и мајка му Дијана.

Фотографот на Вимблдон го овековечил моментот на срдечната прегратка на снаата и свекорот.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Јаник Синер со 3:0 во полуфиналето на Вимблдон, па за својот осми трофеј во Лондон и историја ќе се бори против подобриот од дуелот Карлос Алкараз – Данил Медевдев.

Scroll to Top