Јордан Витанов ја доби актерската награда за животно делот „Петре Прличко“

Велешкиот актер Јордан Витанов е добитник на наградата ,,Петре Прличко” за животно дело, која се доделува во рамките на фестивалот на комедијата „5ре”. Наградата на актерот ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, кое ќе се случи во понеделник, на 15-ти мај во Велес. Покрај плакета, Витанов ќе добие и паричен износ од 500 евра.

Во моментов Витанов глуми во претставата „Татко“ која се наоѓа на репертоарот на велешкиот театар.

Јордан Витанов десет години беше директор на Народниот театар во Велес „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше разрешен од функцијата во 2017 година, за време на неговатафункција како диркетор беше изграден новиот објект на Велешкиот театар.

 

Scroll to Top