По веста со фотографиите на разголената Северина Којиќ, се појавија низа теории за тоа кој ги украл и како излегле во јавност. Едни велат дека на Северина ѝ бил хакиран мобилниот телефон. Некои, пак, мислат дека станува збор за одмазда на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, со кого таа го има синот Александар.
Хакерски напад?
Компјутерските експерти не веруваат дека е извршен хакерски напад врз мобилниот телефон на пејачката. Еден од нив вели дека во денешно време мала е веројатноста да се изведе ваков хакерски напад. Хакерот треба да биде во нејзина близина за да може да ги преземе фотографиите, а тоа е многу ризичен потег.
„Да се направи таков напад е тешко изводливо во пракса. Човек треба да биде на стотина метра од неа и да ги копира податоците од уредот. Многу важна улога игра уредот со кој хакерот ги краде фотографиите, видеозаписите или приватните информации“, рекол компјутерски експерт за 24.sata.hr .
„Постои и можност да се хакира паметниот телефон со систем Андроид, во период додека корисникот користи интернет. Можно е некој да направи лажен ‘хотспот’ или пристапна мрежа за да се спои на него. Исто така можно е некој да ги пресретне податоците, за време додека сте во кафуле и сте споени на иста безжична мрежа“, објаснува тој и додава дека паметните телефони со iOS системите е многу потешко да се хакираат и дека за тоа се потребни поинакви техники.
Внимавајте на iCloud…
„Хакерите често знаат насилно да влезат во iCloud. Тука мобилните телефони автоматски ги складираат податоците на интернет. Без разлика дали станува збор за фотографии, видеозаписи или контакти. Најдобар пример за тоа се странските ѕвезди и аферата Fappening, кога во јавност се појавија фотографии од голем број ѕвезди“, дополнува експертот.
На таков начин во јавноста се појавија фотографии од холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс, пејачките Аријана Гранде и Мила Кунис. Директното хакирање во мобилните телефони била многу почесто се практикуваше пред 10 години, кога се работеше преку системот на поврзување Bluetooth.
„За да воспостават конекција со друг уред и да управуваат со него, мораат да бидат во близина на Северина. Но, ваквата грешка при поврзувањето е исправена и денес вакво нешто ретко се случува“, вели компјутерскиот експерт. Освен мобилните, можно е спорните фотографии да биле преземени од компјутер.
Една од теориите исто така е дека фотографиите биле испратени преку социјалните мрежи, или порака на е-пошта па некој влегол во профилот и ги украл фотографиите. Влегување во туѓ профил на социјалните мрежи често се случува доколку лозинката е проста и тогаш лесно може да ја погодите.
„Ако е хакиран телефонот, тоа е лесно да се провери со денешната дигитална форензика. Таа ќе покаже апсолутно сè што се случувало со телефонот“, вели компјутерскиот експерт.
Одмазда на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ
Менаџерот на Северина изјави дека нејзиниот партнер Милан Поповиќ е одговорен за објавените фотографии, поради изгубените судски спорови на суд. Српскиот бизнисмен излезе во јавност дека станува збор за лага и клевета и има намера да тужи. Тој вели дека не би направил такво нешто поради неговиот син.
Се повторува скандалот со домашното видео на јахта
Во 2004 година Северина се најде во слична ваква ситуација по излезената снимка од порнофилмот со бизнисменот Милан Лучиќ. Тогаш во јавноста исто така се појавија разни теории. Едни тврдеа дека снимката ја пласирала Северина со цел да ја оживее својата кариера. Други сметаа дека снимката била пуштена од некој нејзин познаник од владејачката партија, тогашната ХДЗ на Иво Санадер, поранешен премиер на Хрватска. Во медиумите се пишуваше за вмешаност и на безбедносните служби. Целта била да се затаи аферата со тогашниот лидер на ХДЗ околу малверзацијата во „Бродосплит“. Многумина мислеле дека станува збор за спин кој бил пуштен во јавност со цел да се засени скандалот.
Северина нема излезено во јавност
Засега Северина се нема огласено во јавноста. Нејзините соседи велат дека откако се вратила во својот стан во Загреб, досега нема излезено надвор. Ролетните од прозорците се спуштени, а еден од соседите вели дека Северина се криела во истиот овој стан, кога пред 14 години излезе скандалот со порновидеото.
„Северина во Загреб се врати пред неколку дена. Не ја видов денес да излезе“, изјавил еден од соседите на пејачката.