Калиопи се пофали дека слабее додека бившиот маж ѝ подготвува нова песна

Поп пејачката Калиопи најави нова соработка со нејзиниот бивши сопруг, композиторот Ромео Грил. Пејачката вели дека е инспирирана уште повеќе додека ја слуша новата песна на Ромео.

„Подобар нов почеток не можев да си посакам. Додека ја слушам новата песна направена од Ромео, добивам уште повеќе инспирација за моите подготовки пред снимањето и ова сонце е во согласност со моето расположение. Полесно е и пешачењето со задолжителните 5км на ден’, напиша Калиопи и додаде дека оди на третмани за дополнителен ефикасен ефект во нејзиното слабеење и одржување на саканата фигура и форма.

На крајот од објавата Калиопи пишува дека таа секогаш сакала да изненадува, па така ќе направи и овој пат.

Калиопи по подолга пауза мината година одржа концерт во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Scroll to Top