Кара Делевињ ги отстранува тетоважите по враќањето од рехабилитација поради проблеми со зависноста

Кара Делевињ ги отстранува тетоважите по третманот: Има сланина, рози, лавови, бројки…

Манекенката Кара Делевињ (30) искрено проговори за насловната страница на магазинот „Вог“, откривајќи дека сега чиста од дроги и дека минатата година се пријавила на рехабилитација поради проблеми со зависноста.

Да замине на рехабилитација пресудни биле фотографиите кои ги направиле папараците на аеродромот каде што Кара имала чудно и променливо однесување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)

Откако започнала со програма за третман од 12 чекори, Кара изјавила за „Вог“ дека планира да ги отстрани тетоважите од нејзиното тело за нов почеток. Ѕвездата на „Само убиства во зградата“ ја направи својата прва тетоважа во 2013 година, кога истетовира лав на десниот показалец односно нејзиниот астролошки знак.

„Во тоа време не можеше да се тетовираш бидејќи тоа беше дел од твојот договор за моделирање, а тие беа на некој начин сопственици на твоето тело“, раскажала познатата манекенка за „Вог“.

Оттогаш, британската манакенка истетовирала бројни дизајни и симболи со пријателите и партнерите, вклучувајќи и роза посветена на пријателката Селена Гомез, а истетовирала ист цвет со Парис Џексон.

Исто така, Кара и Каја Гербер го имаат зборот „сродни души“ на нозете, а Кара ги истетовира иницијалите на поранешната девојка Ешли Бенсон на нејзините ребра. Но, не сите нејзини тетоважи се толку сериозни, манекенката има дури и тетоважа која укажува на нејзината љубов кон сланината.

Scroll to Top