Кармен Електра, една од најсексапилните актерки во Холивуд, на доделувањето на „Златен глобус“ беше облечена во фустан што го пред две години го носеше Северина на една забава во Загреб.
Познатата холивудска актерка на својот „Инстаграм“ ѝ се заблагодари на дизајнерката Матија Вујици, која фотографијата со сексапилната Кармен ја споделила на својот профил.
„Некако насетив дека овој фустан, кој веќе ја прослави Северина, ќе пронајде уште некоја дива некаде во светот“, напиша дизајнерката, а Кармен изгледа била одушевана од фустанот, штом решила да го облече за доделувањето на „Златен глобус“.
Северина Коиќ го носеше овој фустан во 2015 година на една забава кога првпат се појави во јавноста со Игор.