Каролина, Дуке и Исмаил најавија уште два концерта пред Божиќ, се покажа дека македонските евергрини ѝ недостигале на публиката

По петте концерти во Филхармонија на Каролина, Дуке и Исмаил, Авалон продукција најавија два предбожиќни во Македонската опера и балет.

За финале на скопскиот концертен маратон „Песни за љубов и копнеж“ во поинтимна атмосфера на 3 -ти и 4 -ти јануари.

„Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се одлучивме да направиме уште два концерти, како би можеле оние кои не дојдоа до влезници за изминатите концерти овој пат тоа да го сторат“, соопштија од Авалон.

Цената на билетите за концертот се по цена од 1500 и 1990 денари.

За потсетување, Каролина, Дуке и Исмаил одржаа пет концерти во рок од три дена во Филхармонија. Концерти полни со емоции и спомени со македонските евергрини кои враќаат во минатото, во времето кога создавале музика доајените како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица, преку музиката на Дуке и Исмаил и гласот на Каролина.

Scroll to Top