Кејт Мидлтон го следеше финалето на Вимблдон во друштво на Вилијам и нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а многумина забележаа како нејзиниот фустан е истуткан.
„Кејт се појави во смарагден фустан од Roland Mouret, чија цена е 940 евра, а иако кројот одлично ја следеше линијата на нејзиното тело, материјалот беше, најблаго речено, катастрофа“, коментираат на социјалните мрежи за стајлингот на Кејт Мидлтон.
Комбинацијата Кејт ја комплетирала со беж салонки од Џанвито Роси и беж чанта од Еми Лондон. Фустанот и беше веќе набран кога пристигнала во финалето, по возењето во автомобилот, по што бил расипан целиот впечаток.
„Толку убава зелена нијанса, но никогаш не сум видела да пристигне во нешто толку стуткано“, „Бев изненаден кога видов дека фустанот е збрчкан. Нејзината облека е секогаш беспрекорна“, се дел од коментарите.
I agree about the dress.
Such a beautiful shade of green but I’ve never seen her wear something so creased upon arrival.— Becke Bryant (@BeckeBryant) July 16, 2023