Ќерката на Џони Деп позира гола за магазинот „Ај Ди“

Лили Роуз-Деп (23) , ќерката на познатиот пар актерот Џони Деп и француската актерка и модел Ванеса Паради, позираше гола за магазинот „Ај-Ди“.

Најголемо внимание предизвика фотографијата на која Лили носи проѕирен фустан на прерамки. Јавноста ја спореди со топ моделот Кејт Мост која во 1991 година носеше сличен таков фустан на забава на „Елит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inside The Mood (@insidethemood)

Лили Роуз ја започна кариерата како модел на 16 години стана заштитно лице на Шанел. Нејзината мајка Ванеса Паради во 1990 година беше дел од кампањата на брендот Шанел за легендарниот парфем „Коко Шанел“.

Лили Роуз оваа година се приклучи на драмската серија на „HBO“, „Идол“, која веќе го ангажираше Абел Тесфаје, како еден од најпопуларните пејачи на денешницата. Серијата ќе претставува прв телевизиски проект за Лили.

Таа направи добро резиме по нејзиното деби во филмот „Туск“ на Кевин Смит во 2014 година. Потоаимаше улога во филмовите „Танчерка“, „Јога коњи“, „Планетариум“, „Верниот човек“ и „Кралот“. Таа годинава глумеше и во филмот „Војаџери“, а ќе се појави и во филмот „Тивка ноќ“.

Џони Деп пред бракот со Ванеса неколку години се забавуваше со Кејт Мос која застана во негова одбрана на неодамнешното судење со Амбер Херд.

 

Scroll to Top