Навивачката група „Комити“ објави дека успеале за 24 часа да соберат 500.000 денари од акцијата „Купи сезонски билет за 1000 денари“.
Инаку навивачката група целосно го презеде Вардар.
Вардар е во тешка финансиска состојба откако беше оставен во долгови поради недомаќинска работа на претходните сопственици Сергеј Самсоненко и Слободан Крстевски.