Познатата старлета Кортни Кардашијан лансираше линија на суплементи наречена „Lemme“, како додаток во исхраната кој го подобрува здравјето на вагината.
Кортни објави видео на Инстаграм во кое е опкружена со мачки и ги претставува своите гумени бонбони за кои вели дека се добри за вагиналното здрваје.
„Вагиналното здравје е толку важен дел од целокупната благосостојба на жената и не се зборува доволно за тоа и затоа сме толку возбудени што ќе го започнеме ова“, напишала Кортни.
Старлетата тврди дека овие бонбони можат да го променат вкусот на вагината.
„Подарете ѝ го на вашата вагина задоволството што го заслужува и претворете ја во слатко задоволство“, додава таа.
Нејзиниот производ се базира на ананас, витамин Ц и пробиотици и наводно го подобрува здравјето на вагината и го регулира нивото на pH вредност, што ја прави вагината свежа и вкусна.
View this post on Instagram