„Кралицата Елизабета мора да бара право да владее со муслиманите“, апелира и агитира во својот бомбастичен наслов веб форумот Arab Atheist.
Медиумите на потегот од Казабланка до Карачи на големо се распишаа за потеклото на британската монархија од пророкот Мухамед, што кралицата Елизабета II ја прави роднина на кралевите на Мароко и на Јордан.
Ова тврдење се појави и пред неколку години, но повторно го окупира вниманието на Блискиот Исток.
Во март мароканскиот весник Al-Ousboue го следеле семејното стебло на претходните 43 генерации и воочиле крвна линија преку средновековна муслиманска Шпанија до ќерката на пророкот Мухамед, Фатима. Исто така, се пишуваше и дека води поткло од Али Гома, поранешниот голем муфтија на Египет.
Сепак, сите најмногу се фокусираат на нејината поврзаност со муслиманската принцеза Заида, која во 11 век пребегала од берберскиот напад на Севиља и завршила на христијанскиот двор во Кастиља. Името го променила во Изабела, ја сменила верата и го родила Алфонсо, чии потомци понатаму стигнале до Англија и имале врска со кралското семејство. Некои велат дека Заида е ќерка на Муатамид бин Абад, потомок на Мухамед. Други пак, велат дека само се омажила во неговото семејство.
Реакцијата на наводното муслиманско потекло на кралицата варира во арапскиот свет. Некои предупредија на теоријата на заговор дека ова е начин да се оживее Британската империја со помош на муслиманите.
„Таа гради мост меѓу две религии и кралства“ пишува Абделхамид Ал Ауни, кој напиша текст во Ал-Асубус.
Инаку, принцот Чарлс многу е заинтригиран од исламот. Чарлс е покровител на Оксфордскиот центар за исламски студии каде пубиката ја поздравува со муслимански поздрав.