Крв ќе падне меѓу Миа Костова и Марија Пијанманов: закани за животот, навреди, пцости

Поранешната водителка и инфлуенсерка Миа Костова е во сериозен конфликт со брачната двојка Марија Пијанманов и Константин Плевнеш. Миа уште вчера вечерта најави дека се спрема торнадо од објави против Марија, откако оваа ја спомнала во негативен контекст на социјалните мрежи, па тоа особено ја погодило Миа.

„Морам да кажам дека досега во ниеден контекст не сум ја спомнала, а таа се дрзнала да ме стави во уста. И за да не останам должна ќе објавам многу работи за неа. Освен тоа, сопругот на Марија Константин се заканува по пораки, и тоа смртни закани и двајцата шират говор на омраза“, пишува Костова која најави дека „ќе го приложи животот на Пијанманов во јавност“.

Таа објави дел од видетата и пораките и најави дека најинтересно допрва доаѓа од сè што планира да објави за Марија и Константин.

И Марија се огласи на Инстаграм, велејќи дека Константин мора да си ја брани својата жена од ботовите кои ги испраќала Миа. Во продолжение ви објавуваме дел од преписките, а на социјалните мрежи веќе се коментира дека крв ќе падне помеѓу Пијанманов и Костова…

[/video]

Scroll to Top