Љубов прва мајкина, никогаш не се менувај, Изета Шаќири му честиташе на Бени 54. роденден

Рок-музичарот Бени Шаќири прослави 54. роденден. Неговата мајка Изета со емотивна порака му го честиташе роденден и му посака да биде директен и да не отстапува од неговите ставови.

„Што е денес убав и сончев ден, на моето сонце роденден. Љубов прва мајкина да си ми жив, здрав, среќен, долговечен со твоите два соколи и твојата Лиса. Да славиш до 100 и со сите нас кои сме ти важни во животот. Ти посакувам да не се менуваш да бидеш таков каков што си, посветен на семејството и вистинските пријатели и понатаму да си хуман, чесен и директен. Ова „директен“ не е баш за ова време-невреме, но тоа си ти и не отстапувај од своите ставови. Те сакам до Јупитер, што би рекол Ијан и уште повеќе. Среќен Роденден, сине мој“, му честиташе роденден мајката на Бени, Изета Радончиќ Шаќири.

Нора со заедничка фотогрфаија со Бени му го честиташе родендено.

„Што да ти посакам на овој ден што не ти посакувам секој ден. Нема нешто што не би направила за тебе. Сакам само да си ми тука секогаш и засекогаш, да се смееме, да се бориме заедно како и до сега. Те сакам бескрајно бато мој. Среќен роденден Бени“, напиша Нора.

 

Scroll to Top