Балканската музичка ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ вчеравечер приреди вистинска, магична, музичка ноќ за скопјани во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде го одржа својот концерт.
Кога на сцената се појави Јоксимовиќ преполната сала ечеше. Младо и старо пееше и играше со него. Во еден глас се пееа неговите хитови, особено оние песни од 90-те години, кој публиката ги знаеше наизуст.
Јоксимовиќ вечерта ја започна со хитот „Лудак како јас“, а потоа се редеа „Звезда“, „Либидо“, „Тело вретено“, „Супермен“ и многу други.
Вечерта како специјален гостин на сцената се појави и неговата колешка од Србија Јелена Томашевиќ, со која испеа неколку македонските народни песни.
Пред концертот Жаре Бербер ја загреа публиката, оние кој стигнаа два часа пред да почне концертот.
На крајот од ноќта, Јоксимовиќ и се заблагодари на публика и вети нови вакви моменти.
Љ. Владимиров
Фото: Никола Ордевски