Изминатиот викенд Скопје беше домаќин на големиот моден настан „Скопскиот моден фестивал“ каде ги собра сите познати градски фаци и инфлуенсери кои во најразлични модни изданија позираа пред фотоапаратите.
Манекенката и наставничка Маја Глигоровска по подолга пауза и се врати на модната писта. Овој пат Маја ја отвори првата вечер од „Модниот фестивал“ во креација на Бианка Споса, во долг фустан со корсет и пердуви.
Покрај Бианка Споса, со свои креации се претставија модните дизајнери Бојан Стоилковски и Џоле Миловски.
„Скопскиот моден фестивал“ траеше три дена и се одржа во скопската дискотека „Пјур“.