Денеска во Лисабон беше откриен редоследот по кој земјите ќе настапуваат во двете полуфиналиња на Евровизија. „Ај кју“ ќе настапат единаесетти во првото полуфинале на 8 мај. Пред нас ќе настапи Бугарија, а по Македонија ќе пее Хрватска.
Во првото полуфинале настапуваат 19 земји, а само 10 од нив ќе влезат во финалето што ќе се одржи на 12 мај.
„Ај кју“ ќе ја пеат песната Lost and found, која доби позитивни коментари и кај нас, но и од европските фанови. Автор на песната е Бојан Трајковски од „Ај кју“, а продуцент е Дарко Димитров.