Сандра Стефановска (25) од Скопје е победничка на вчерашниот избор за убавина што се одржа во Анталија, Турција. Сандра го освои првото место на изборот „Кралица на Евроазија“ за 2017 година.
Таа се натпреваруваше во конкуренција со 40 девојки од исто толку држави од Европа и Азија, а победи со едногласна одлука на 15-члената жири-комисија.
Сандра е членка на Модното студио „ Црнокрак“, кое ја има лиценцата за овој интернационален избор за убавина.