Славица Ангелова од Струмица со шест гласа од жирито на „Гранд“ се пласираше во полуфиналето на шоуто. Македонската кандидатка чиј ментор е Ѓорѓе Давид, вчеравечер со песните „Нека те боли“ и „Чаробан“ го воодушеви жирито.
„Јас би му дал предност на кандидатката број два, таа е феноменална. Многумина немаше да се справат со ова, но ти успеа. Честитки за тебе и твојот ментор“, рече Мили.
„Славица ме воодушеви со нејзиниот стајлинг и избор на песна“,коментираше Снежана Ѓуришиќ, а на Ана Бекута и се допадна како Славица ја отпеа втората песна.
Вики Миљковиќ рече дека Славица го освежила репертоарот.