Твитер заедницата, во пресрет на Светското првенство во фудбал, кое наредната недела ќе започне да се игра во Русија, на социјалните мрежи објавија фотографии ставајќи ги македонските политичари на сликички, како од албумот на Панини.
Никола Груевски го доби бразилското име Крадињо, Али Ахмети Тендер Бег, додека Зоран Заев беше крстен Зоки Муртино. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски е дел од тимот на Железничар Сараево, додека Амди Бајрам е Амди Вртињо од ФК Шутка.