Мараја Кери секоја година заработува над 700 илјади евра од хитот All I want For Christmas is you

Легендарниот хит на Мараја Кери All I Want For Christmas Is You редовно е најслушаната песна на стриминг и е незаменлива на сите листи на божиќни песни.

Иако пред оваа песна пејачката имаше издадено три албуми, сепак овој хит и донесе најголема популарност. Таа го направи во соработка со музичкиот продуцент Валтер Афанасиеф. Снимен е во далечната 1994 година, а Мараја Кери со изведбата на овој светски хит заврши на врвот на музичките топ листи.

Сето тоа се повторува секоја година околу Божиќ. И покрај тоа што поминаа 26 години од објавувањето на оваа песна, All I Want For Christmas Is You сè уште се врти на радио станиците.

Секоја година пејачката заработува шокантно вртоглава сума на својот најголем божиќен хит, а само во 2018 година All I Want For Christmas Is You и донесе 625.000 фунти, пренесува „Мирор“.

Музичкиот продуцент Валтер Афанасиеф како што рече тој во интервју за Билборд во 2014 година, сосема случајно дошле на идејата за песната и немале поим каква популарност ќе постигне.

„Секогаш сме соработувале на таков начин. Прво ја составивме само мелодијата, а дури подоцна го комплетиравме текстот. Оваа песна ја направивме за многу кратко време, ни беше многу полесно од вообичаено. Се обидов да внесам некои конкретни зборови, текст кој досега никогаш не сме можеле да го слушнеме“, изјавил Афанасиеф.

All I Want For Christmas Is You е само една од многуте божиќни песни на албумот на тогаш 23-годишната пејачка. Таа била убедена да го сними божиќниот албум „Merry Christmas“ од нејзиниот тогашен сопруг Томи Мотола, со кој беше во брак пет години. Без оглед на тоа што приходите од продажбата на албумот на американската пејачка биле поделени, тешкотиите во бракот сепак преовладувале и парот се развел во 1998 година.

Неодамна пејачката беше навредена од нејзините обожаватели откако на видео покажа дека користи телепромптер додека ја изведува нејзината песна All I Want for Christmas Is You. Видеото се појави само еден ден откако пејачката, која себеси се нарекува кралица на Божиќ беше обвинета за пеење со репродукција. Фановите на социјалните мрежи истакнаа дека беспрекорниот вокал на Кери звучи премногу слично на снимената верзија на песната од 1994 година.

Scroll to Top