Мажоретки во центарот на Скопје

Со дефиле во центарот на Скопје, на кое учествуваат мажоретки на модниот клуб ,,Модест“, денес на улицата Македонија започнува манифестацијата Денови на Тиват во Скопје. Покрај мажоретки, на дефилето се и членови на културно-уметничкото друштво ,,Бока“ и членови на здружението ,,Машкарада“, кои ќе се движат од Музејот на град Скопје по улицата Македонија до плоштадот. Настанот го организира Амбасадата на Црна Гора во Република Македонија во соработка со Општина Тиват и Туристичката организација на Тиват и Општина Центар – Скопје.

Scroll to Top