Документарниот филм „Медена земја“ не доби „Оскар“ ни за најдобар странски филм на 92. доделување на оскарите што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.
За најдобар странски филм беше избран јужнокорејскиот филм „Паразит“.
Македонскиот филм во трката за златната статуетка се борше со „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
Претходно „Медена земја“ не успеа да ја добие златната статуетка ниту во категоријата за најдобар документарец.
“Медена земја” е во режија на Тамара Котевска и Атанас Георгиев, а главната улога ја има Атиџе Муратова. “Медена земја“ истовремено е и првиот документарен филм во историјата што бил номиниран во две категории.