Документарниот филм „Медена земја“ не доби „Оскар“ за најдобар документарец. За најдобар документарен филм беше избран американскиот „Американска фабрика“.
Македонскиот документарец за „Оскар“ се бореше во конкуренција со уште трите документарци, британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“.
Медена Земја е во режија на Тамара Котевска и Атанас Георгиев, а главната улога ја имаше Атиџе. Филмот е номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.
„Медена земја“ беше номиниран за Оскар 26 години откако филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски се најде во конкуренција за оваа награда. „Медена земја“ истовремено е и првиот документарен филм во историјата што бил номиниран во две категории.