Меган Маркл со татка си Томасон била блиска додека растела во Лос Анџелес, но се раздвоиле поради неговите срамни гафови во пресрет на свадбата со принцот Хари.
Минаа два месеца кога Меган Маркл и службено стана членка на кралското семејство. Иако самиот тој факт се чини како идеален, сепак деновите пред венчавката за неа биле исполнети со грижа затоа што татко ѝ Томас Маркл го откажал своето присуство на свадбата, а како причина за тоа ја навел операцијата на срцето.
Како што минувало времето, странските медиуми сѐ почесто пишуваат дека таткото на војвотката од Сасекс ја измислил целата приказна и дека му било срам кога се открило дека за лажните папарацо-фотографии, кои осамнаа во речиси сите таблоиди, тој бил и платен.
По сѐ што се поминало, кога многумина помислиле дека ја научил лекцијата и сфатил што направил, тој дал телевизиско интервју во кое открил некои од деталите за принцот Хари и неговата ќерка. Набргу потоа изјавил дека нема да престане да се појавува во медиумите сѐ додека некој од кралското семејство не му се обрати и не стапи во контакт со него.
Меган со татка си, наводно, не разговара уште од свадбата, а „Ју-ес викли“ сега пишува дека причината за тоа била дека се плаши од него со оглед на неговото досегашно однесување и дека деталите од нивниот разговор би можеле да се појават во јавноста.
Таа би сакала да разговара со него, но повеќе нема доверба. А како се чини, ваквата доверба никогаш нема да се обнови. Голема штета ѝ нанесе, така што нема друг избор, освен да го игнорира“, заклучува изворот.
Меган има проблем и со својата полусестра Саманта Маркл, која во медиумите и на социјалните мрежи постојано коментира за кралското семејство и Меган. Единствен член од нејзиното семејство што стигнало на венчавката во Лондон била мајка ѝ Дорија Рагланд.
„Нејзината мајка е неверојатна. Ја охрабрува Меган да ги игнорира сите негативни лица околу себе и да се насочи на својот живот. Таа е прекрасна жена и Меган може да ѝ се обрати кога и да посака“, вели извор близок до Меган.
За разлика од својот поранешен сопруг, Дорија ги избегнува разговорите со новинарите и медиумите.
„Меган е многу загрижена поради татко ѝ од неколку причини. Дури не знае и на кој начин да комуницира со него. Таа не може да биде сигурна дека тој нема да го искористи тоа во негова корист. Живее во страв дека нивната комуникација ќе излезе во јавност. Ако веќе толку многу изнесе во јавност, од каде да знае дека нема и во иднина да го повтори тоа“, вели изворот.