Поранешната ѕвезда од филмот „Сам дома“, Меколи Каликин се посвети на семејниот живот со партнерката Бренда Сонг по тешката зависност. Маколи и Бренда имаат два сина, а токму таа го спасило во последен момент од зависноста со која се борел со години. Еден период од неговиот живот бил зависник од наркотици.
Актерот и неговата партнерка со двете деца живеат во Лос Анџелес, а папараците често ги фотографираат додека го поминуваат семејното време заедно.
Првиот син го добија во 2021 година, додека помалиот се роди во декември минатата година. Бренда и Маколи се заедно од 2017 година, а се запознаа на снимањето на филмот „Чанглленд“.
Според неа, нив ги поврзувало заедничко минато бидејќи и двајцата како деца глумеле во филмови. Бренда глумеше на Дизни каналот како дете, додека Меколи ја започна својата кариера глумејќи во „Сам дома“.
Светска слава му донесе филмот „Ричи Рич“, а играше и во спотот на Мајкл Џексон за песната „Црно и бело“.