Миле Кузмановски вечерва на „Три круши 2017”

Македонската фолк ѕвезда Миле Кузмановски, вечерва, одржa целовечерен концерт во верско рекреативниот центар „Три круши“.

Сите вљубеници во македонската народна музика можеа да бидат дел од вечерашниот концерт и да уживаат во познатите хитови на Миле Кузмановски.

Богатата концертна програма на културното лето „Три круши 2017”, кое е во организација на општина Кисела Вода, продолжува и утре во исто време со целовечерен концерт на музичката група „Дипломатик бенд “.

Scroll to Top