Мишел Јео е првата Азијка номинирана за „Оскар“

Малезиската филмска ѕвезда Мишел Јео влезе во историјата како првата Азијка номинирана за престижната филмска награда Оскар во категоријата најдобра актерка. Беше номинирана за улогата во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

По 59 години ја доби првата главна улога во холивудски филм, а американската Академија за филмски уметности и науки ѝ беа потребни 95 години да номинира азиска актерка во оваа категорија.

„Помина долго време, но мислам дека ова е поголемо од мене. Во овој момент постојано ми приоѓаат Азијци и ми велат, дека можам да го направам ова, дека го правам за нив. И ги разбирам. Целото ова време никој не ги препознаваше, никој немаше слушнато за нив“, рече Јео за „Холивуд Репортер“.

Јео е родена во Малезија, а филмска ѕвезда стана во Хонг Конг. Потоа пчона да ја освојува светската публика. Се прослави во САД со споредните улоги во филмовите Crouching Tiger, Hidden Dragon, Tomorrow Never Dies Crazy Rich Asians.

Категоријата за најдобра актерка е историски една од најмалку разновидните категории на Оскарите, барем кога станува збор за расната разновидност. Поради тоа често беа упатувани критики до Академијата дека претежно само бели актерки добиваат номинации.

Досега само десетина афроамерикански актерки ја имаа честа да се најдат меѓу номинираните, а само четири латиноамерикански актерки имаат добиено номинација за Оскар во оваа категорија.

Но, иако до денес ниту една жена која се идентификува како Азијантка не била номинирана за Оскар, многумина сметаат дека Мерл Оберон која го криеше потеклото, со филмот „Мрачниот ангел“ од 1936 година, е првата Азијка номинирана за најдобра актерка.

Исто така, двократната оскаровка Вивиен Лејт е родена во Индија, а нејзината мајка има западно-азиско потекло.

Scroll to Top