На социјалните мрежи се шири бизарна теорија на заговор, која говори дека сите познати личности на кои им е забележана модринка под левото око се, всушност, илуминати.
Според оваа теорија на заговор, модринката на окото е дел од процесот на ритуалот инцијација во некаков култ или кај илуминатите, каде што лицата мора да претрпат некаква болка за да станат моќни. Со модринка на окото досега се сликани експретседатели, членови на кралското семејство, глумци, глумици и многу други.
Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, папата Франциско, принцовите Филип и Ендру, во последните неколку години се снимени со модринки под левото око или околу него.
На овој список се наоѓаат голем број јавни личности, како што се глумицата Елизабет Харли, Роберт Дауни Јуниор, како и Бој Џорџ, пренесува „Дејли мејл“.
За ова зборувала и Шери Шринер, која ја напишала книгата „Интервју со ѓаволот“, во која таа тврди дека разговарала со Луцифер. Според неа, лидерите на владите, луѓето што имаат емисии на телевизија и стотина популарни забавувачи, им ги продале своите души на ѓаволот.
„Не можеш да бидеш на телевизија сега, а да не потпишеш договор. Бизарното повторување на модринките на лицата на илуминатските политичари и забавувачи резултира со шпекулациите дека нивните души ги замениле со сатански обред наречен скалпирање на душата“, вели таа.
Шринер, која починала на почетокот на оваа година, верувала дека сите моќни луѓе на светот ги имаат скалпирано своите души. Таа навела дека сето тоа може да се направи на повеќе ритуални начини, а сето тоа резултира со поседување, односно човечката душа се отстранува, а телото го презема демонски ентитет.
Во круговие на теоретичарите на заговор ваквиот процес е познат и како влез. Некои луѓе веруваат дека црното околу окото е резултат на скалпирање на душата. Во меѓувреме, познатите се обидуваат на разни начини да објаснат од каде им се модринките под окото.
Така, глумецот Адам Сендлер изјавил дека ја добил од удар на нероденото дете на трудната Дру Баримор или дека се повредил играјќи кошарка.
И поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, е виден со модринка под окото. Првата од 1992 година објаснил дека ја добил од внукот, кој го удрил со голема грутка снег. Втората ја добил во 2004 година при пад од велосипед.
Од неодамна изјавил деак модринката под окото му е од удар со микрофон за време на неговиот говор. Папата Франциско изјавил дека се удрил за време на возењето со „папамобилот“ минатата година. Теоретичарите на заговор велат дека сите членови на кралското семејство во изминатите неколку години се видени со модринки под окото.
Принцот Филип со модринка е виден во 2013 и во 2015 година, а портпаролот на папата изјавил дека ја забележал кога се разбудил.
Некои истражители укажуваат и на врската меѓу модринката под окото и обожавањето на египетскиот бог, Сонцето Хорус. Левото око му било црно и ја претставувало Месечината, а десното му било бело и го претставувало Сонцето.
Во минатото се верувало дека црното око е знак на ѓаволот.