Мозочниот удар ја уништил на 43 години, а сопругот и го земал синот, Шерон Стоун вели дека е жена борец

По доживеаниот мозочен удар, целиот нејзин живот бил избришан, сите соработници ја гледале како оштетана роба и избегнувале соработка со неа, вели Шерон Стоун раскажувајќи за најтешкиот период од својот живот по повод нејзиниот 61 роденден.

Американската актерка, режисерка и поранешна манекенка е родена во 1958 година во Пенсилванија. Живеела со нејзината мајка сметководител Дороти Мери и нејзиниот татко Џозеф Вилијам кој работел во локална фабрика.

Стоун ги имала покрај себе и постариот нејзин брат Мајкл, помладата сестра Кели и помладиот брат Патрик. Вели дека уште од мала ја сметале за надарено дете, па во второ одделение тргнала на само пет годишна возраст. Завршила средно школо во Пенсилванија во 1975 година, а потоа се запишала на Универзитетот Единбор.

За време на студиите се пријавила на избор за Мис во округот Крафорд на кој победила. Благодарение на тоа, Стоун учествувала на изборот за Мис Пенсилванија, каде судиите биле воодушевени од неа и ја советувале да започне со манекенска кариера. Нешто што Стоун подоцна и го направила.

Две години подоцна сватила дека сака да биде актерка, а не модел.

Прочуена по разголените сцени

Кариерата на телевизија ја почнала глумејќи во реклама, а потоа се појавила во споредна улога во филмот на Вуди Ален Stardust MemoriesГодина дена подоцна следела првата нејзина вистинска улога во хород филмот Deadly Blessing. Сепак големата популарност ја стекна глумејќи во филмот Total Recall во 1990 година.

Во 1995 година актерката ја добила својата ѕвезда на Булеварот на славните, а во 2005 година била именувана за „Офицер на уметноста и писмата“ во Франција.

Многу актерки одбиле бројни улоги поради наглите сцени, но Шерон таквите улоги вели дека ја направиле ѕвезда и ѝ донеле статус на секс симбол. Глумела во повеќе од 100 филмски и телевизиски остварувања и заработила милион долари, а освоила и голем број престижни актерски награди и многупати била номинирана. Освоила десет награди и 41 номинации, вклучувајќи ги и „Еми наградите“, „Златниот глобус“ и две „МТВ“ филмски награди.

Подоцна ја красела насловната страна на речиси 300 магазини, а во 1986 година се фотографирала гола за магазинот „Вог“, нешто што го повторила четири години потоа за да го промовира филмот Total Recall. Позирала гола и пред фотограферите на магазинот „Плејбој“.

Во 1992 година, магазинот People ја ставил на листата на 50 најубави луѓе на светот, а магазинот Empire во 1995 година во 100 најсексипилни ѕвезди во филмската историја. Две години подоцна сместена е на листата на топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња. За неа се снимени четири документарци и напишани неколку биографии.

Мозочен удар на 43 годишна возраст

Во 2001 година, Шерон Стоун доживеала силен мозочен удар од кој долго време се опоравувала. Подоцна за медиумите открила дека морала повторно да научни некои основни работи, како што е говорот, одењето и пишувањето. Овој настан значително влијаел на нејзината кариера, затоа што во Холивуд, таа практично била отпишана.

„Целиот мој живот беше избришан. Ме гледаа како оштетена роба и ја избегнуваа соработката со мене“, изјавила Стоун која во тој период се повлекла од глумата и се посветила на одгледувањето на децата, опоравувањето од мозочниот удар и разводот од новинарот Фил Бронштајн, со кого тогаш била 6 години во брак, во кој добиле син.

Старателството над детето судот го доделил на таткото, а актерката само добила право на повремена посета. Година дена подоцна Стоун посвоила син, а подоцна уште два. Пред Бронштајн, Шерон три години била со продуцентот Мајкл Гринбург, на кого вереничкиот прстен му го вратила преку брза пошта.

Хуманитарна работа

Шерон Стоун е една од познатите личности кои се борат за мир во целиот свет. Поради посветеноста таа добила Нобелова награда за мир, а во 2013 година и награда на „Самитот за мир за работа со луѓе заболени од сида“. Шерон собрала средства за изградба на 28 школи ширум Африка.

 

 

 

 

Scroll to Top