Мухамед Зекири ја ожени Бисера, Заев беше кум

Пратеникот Мухамед Зекири вчера се венчаше со Бисера Јордановска, поранешна директорка на телевизија Алсат М.  Венчавката и свадбата биле во хотелот Double Tree by Hilton.  Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава биле блиските пријатели на Зекири и Јордановска, но и многу нивни  поранешни колеги новинари. Тие пред да се решат за брак беа долго време во љубовна врска.

Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на  СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава. Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.

Scroll to Top