Мурал на Андреј од ДНК исцртан на ѕид во кафуле во Скопје

Мурал со ликот на Андреј од ДНК и стихови од песната „Круг“ осамнаа на локалот „Шо има?“. Муралот го сподели и сопругата на трагично загинатиот Андреј, Наталија.

Песната „Круг“ му била омилена на сопственикот на локалот, кој напиша на Инстаграм:

„Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!

Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат “досаден си Дамјан дај смени…” 😏

Кобниот ден отидов сам во @shoima.mk да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…

Затоа решив 3те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.

Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени“.

Scroll to Top