Латино хитот „Despacito“ со над три милијарди прегелди на Јутјуб каналот го престигна досегашниот рекордер по број на прегледи – спотот за песната „See You Again“ на Wiz Khalifa и Charlie Puth. Според Билборд, летниот хит на порториканските музичари Luis Fonsi и Daddy Yankee објавен во јуни веќе има повеќе од три милијарди прегледи, со што ја престигна популарноста на досегашниот број еден на листата, песната од филмот „Furious 7“ која има 2,996 милијарди прегледи. Видеото „Despacito“ има и најмногу лајкови на Јутјуб.