Човештвото од втори август ќе почне да живее на кредит, со оглед на тоа дека до овој ден ќе ги потрошиме залихите за вода, земјиште и чист воздух за оваа година.
До овој ден ќе искористим повеќе од природата отколку што таа може да обнови за цела една година. За само седум месеци емитувана е поголема количина гасови, океаните се загадени и шумите исто така, повеќе отколку што можат да поднесат за една година. Уловени се премногу риби од океаните, исечени се многу дрва и конзумирано е повеќе вода отколку што Земјата може да произведе.
Оваа година датумот за исцрпување дошол порано од било кога. Изминатите години обично ова се случува од октомври па натаму.