Младиот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого неодамна се обедини цела Македонија и кој боледува од рак на коските почна да работи во општина Гази Баба. Тој ќе биде соработник на градоначалникот Бобан Стевковски и ќе работи во општинската администрација.
“ Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба“, рече градоначалникот Стевковски.
Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17. јули треба да замине за Турција за да го прими четвртиот дел од терапијата.






