Композиторот и пијанист Никола Мицевски на 18 февруари ќе одржи концерт во Велес на големата сцена во театарот „Ј.Х.К.Џинот“.
Како специјален гостин на концертот насловен „Нова ера“, Мицевски го најави еден од најдобрите гитаристи во државата и пошироко, Дамјан Пејчиноски.
„Сцената ќе биде исполнета со петнаесетина мои колеги, познати професионални музичари со кои заедно неодамна концертно ја промовиравме музичката приказна. Сцената ќе ни ја надополнат и збогатат дваесетина членовите на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес“, вели композиторот и пијанист.
Ова е втор концерт на Мицевски на кој ја промовира неговата музка, првиот беше во Центарот за култура во Битола.
Мицевски освен како пијанист, во јавноста е познат и како композитор, па низ годините соработуваше со Некст Тајм и Каролина Гочева. Тој е композитор на песните од последните два албума на Каролина од серијалот „Македонско девојче“.