Познатиот пејач Стинг (72) и неговата сопруга Труди Стајлер (69) се заљубени како и првиот ден, а заедно се видени на премиерата на филмот „Posso Entrare? An Ode To Naples’ на 18. филмски фестивал во Рим.
Музичарот и актерката се појавија на црвениот тепих во елегантни комбинации.
Стинг не можеше да го тргне погледот од сопругата која беше облечена во гламурозен син кадифен фустан. Пејачот се одлучил за класичен црн костум, а одоздола носел пуловер, бела кошула и вратоврска.
Споменатиот филм го режираше Труди, а нејзиниот сопруг дојде да ја поддржи.
Инаку, Труди и Стинг се во брак од 1992 година и имаат четири деца: Брижит (39), која е актерка, Џејк (38), Елиот (32) и Џакомо (27), а тие се и горди баба и дедо.
Пејачката и филмскиот продуцент се запознале во 1977 година кога се сретнале на улица во соседството. Она што можеше да биде романтична средба на две лица, години подоцна се претвори во медиумски скандал.
Стинг тогаш се ожени со актерката Френсис Томелти во 1976 година, со која има две деца: Џозеф (47) и Кејт (41). За време на раѓањето на нивното второ дете, парот се раздели откако се дозна дека Стинг имал афера со Труди. Не е прецизирано кога точно започнала нивната врска, но Стинг и Труди не се гордеат со својот почеток и не зборуваат за тие детали.
Иако во Холивуд ретко се случува бракот да трае со години, тие успеваат да го направат тоа, а и самите се свесни дека тоа е чудо.
– Се сакаме и си се допаѓаме. Љубов е страст, но сакањето и уживањето во нечие друштво е нешто малку поинакво и трае подолго. Така можете да ги имате и двете и мислам дека тоа е важно. Треба да се омажиш за најдобрата пријателка – рекол Стинг во едно интервју, а Труди се согласила со него.
– Посветени сме еден на друг. Многу се смееме и мислам дека тоа е важно во бракот. Тој ми чува грбот, тој е мојот шампион – изјави еднаш таа за People.