Од чалам до блам: откако пратеничка на СДСМ го утна украинскиот спикер, далновод стана Ајфелова кула

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина. Таа дури и погрешно го напишала, како „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.

Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија. Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.

По овој гаф на пратеничката на СДСМ, ја пукнаа жената со шеги и на Твитер.


 

Scroll to Top