Од Цеца го барам тоа што ми припаѓа од татко ми, но со неа не може да се зборува: вонбрачната ќерка на Аркан сака дел од наследството

Софија Ражнатовиќ, една од ќерките на Жељко Ражнатовиќ Аркан, по повод годишнината од неговата смрт, зборуваше за тешкиот период низ кои поминала од дете, но и за односот со Цеца. Жељко ја добил Софија од врската со социјална работничка која се грижела за него додека бил во затвор во Белгија.

Неодамна навршија 23 години од убиството, а Софија рече дека денес не може да го добие она што ѝ припаѓа од неговото наследството.

„Жал ми е што со Цеца не може да се разговара како со сериозна и одговорна личност и отворено да каже што навистина се случи по неговата смрт. Ние го сакаме само она што ни припаѓа, а тоа е дел од него. Во Европа секој добива дел од наследството кога ќе му почине родителот. Аркан не беше само сопруг на Цеца, туку и наш сакан татко“, рече Софија.

Таа е една од седумте деца на Аркан и живее во Белгија. Лани два дена по комеморацијата откри непознати детали за врската и контактите кои ги имала со него.

„Родена сум во Гент, а во животот на Аркан бев дел уште од дете. Родена сум 1979 година и мајка ми од раѓање ме носеше во затворот каде беше тој. На одморите често одев кај баба ми и тетка ми во Србија. Се случи наеднаш да се разделат од мајка ми и повеќе не слушнавме за него“, рече Софија, која негира дека Аркан за неа дознал дури во 1991 година.

„Редовно ми испраќаше фотографии, а кога се ожени со Цеца, мајка ми му честиташе ѝ му посака сè најдобро. Имав петнаесет години и од тогаш често патував за Белград за да бидам со него, Цеца и другите членови на семејството“, рече Софија и додаде дека била и на неговиот погреб.

„Бев со Борислав Пелевиќ. Често доаѓав на помен, особено по 2010 година. Никогаш не се криев од медиумите, но за жал новинарите само сакаа да ја снимаат Цеца и нејзините деца. Не ја сакам неправдата и се надевам дека сега ќе ја напишете вистината. Ние сме седум деца на Аркан без Анастасија и Вељко. Уште од мали страдавме за загубата на татко ни. Се обидовме да бидеме силни и да се бориме за она што ни припаѓа. За жал, ништо не добивме за возврат“, рече Софија.

 

 

Scroll to Top