На 15 декември Оливер Драгојевиќ ќе одржи концерт во Сплит и на тој начин ќе го прослави својот 70. роденден. Тој оваа вест им ја соопшти на новинарите на прес-конференција.
„Целиот живот се дружам со талентирани луѓе, па така ќе биде и овој пат. Ќе испееме вкупно 28 песни и ќе ми биде мило да бидете таму“, рекол пејачот пред новинарите.
„Ме радува што знам дека кога никој од нас веќе нема да е тука, овие песни ќе останат да се пеат. Тоа навистина ме радува“, рекол Оливер.
На концертот ќе го следи Загрепската филхармонија, а специјални гости ќе му бидат Џибони, „Дупини“, Стјепан Хаусер, Теди Спалато и хорот „Извор“.
Неодамна на пејачот му беше дијагностициран рак, тој оди на редовни третмани, но откажа неколку концерти поради исцрпеност.