Омилената „пријателка“ повторно го диктира трендот: Погледнете ја најдобрата фризура за 2025 година

Џенифер Анистон (повторно) го открива трендот што ѝ дава волумен, движење и младешки изглед на долгата коса – едноставно и гламурозно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Џенифер Анистон, жената чија фризура „Рејчел“ ги одбележа целите 90-ти, повторно е заслужна за враќањето на слоевитата коса на голема врата.

Во соработка со нејзиниот бренд LolaVie, таа претстави нова верзија – таканаречениот C-cut или curve-cut,а светот на убавината веднаш ја препозна како фризура на годината.

Она што некогаш беа строго дефинирани слоеви, сега доби помека, посовремена форма што лесно се вклопува во денешниот лежерен пристап кон негата и стилизирањето на косата. C-cut е практичен и во исто време гламурозен и многу ласкав бидејќи елегантно го врамува лицето и дава младешки, софистициран изглед.

Што е C-cut?
C-cut е слоевита фризура каде што пократките прамени нежно го врамуваат лицето, додека должината постепено продолжува надолу во заоблена форма на буквата „C“. Резултатот е коса што изгледа мека, волуменозна и секогаш во движење, без ненадејни транзиции или тежина.

Оваа фризура одговара на сите типови и текстури на коса – од права и тенка до густа и виткана – и секогаш ги нагласува природните црти на лицето, ја омекнува острината и дава младешки впечаток.

Зошто оваа фризура е хит во 2025 година?

C-cut е победничка бидејќи комбинира ретро шарм и модерна леснотија. Неговата популарност „експлодираше“ на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде што корисниците споделуваат трансформации кои покажуваат како оваа фризура веднаш го освежува изгледот. Меките слоеви ги кријат непријатните фази на раст на косата, а разновидната прилагодливост ѝ овозможува да изгледа одлично на сите должини и типови коса.

Славни личности како Хејли Бибер и Луси Хејл веќе ја усвоија, потврдувајќи дека тоа е стил кој истовремено зрачи со ретро елеганција и модерна лежерност.

Scroll to Top