Пејачката Лана Дел Реј се сврши со музичкиот менаџер Еван Виникер

Пејачката Лана Дел Реј се вери со музичкиот менаџер Еван Виникер, објави магазинот Билборд. Парот е во врска неколку месеци, а ретко се појавуваат заедно во јавноста.

Тие се многу таинствени за нивната врска и не објавуваат ништо на социјалните мрежи. Гласините за свршувачката започнаа претходно овој месец, откако Лана беше забележана на настан на Билборд „Жените во музиката“. На настанот таа на раката имаше прстен со голем дијамант.

Виникер претходно беше во бендот „Стил треин“ со продуцентот Џек Антоноф, кој соработуваше со Лана Дел Реј на неколку нејзини проекти, вклучувајќи го и нејзиниот последен албум.

Пејачката ретко зборуваа за приватниот живот, нејзините љубовни врски и се познати на јавноста. Пред Виникер, Лана беше во врска со музичарот Џек Донагју, а се шпекулираше дека е во врска со фронтменот на Салем на почетокот на 2022 година.

Пред тоа, таа беше во врска со кантри пејачот Клејтон Џонсон, кого го запозна на апликација за запознавање. Се шпекулираше дека се вериле во 2020 година, но на крајот раскинале и никому не кажале за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Winiker (@evanwiniker)

Scroll to Top