Пентагон открил НЛО над Пацификот во 2009 година

Суперсонично УФО во облик на тик-так бонбона било забележано од страна на американските воздухопловни сили, пред да исчезне во облаците, пишува британски Сан.

Ова го пишува во извештајот на Пентагон од 2009 годна, кој известува дена настанот се случил за време на тренингот на пилотите некаде над Пацификот.

Извештајот е поткрепен со видеоснимки кои биле објавени дури во ноември минатата година, а во истиот е опишана средбата од прва рака.

Извештајот е објавен од страна на телевизиската станица КЛАС во Лас Вегас. Во него пишува дека во неколку случаи можеле да се забележат радарски контакти со нешто што е наведено како Anomalous Aerial Vehicle (AAV).

Во една од изјавите на пилотите стои дека нивниот радар успеал да ја забележи трагата на непознатото летало, но не успеале да ја следат премногу долго, поради тоа што се движела со брзина на балистичка ракета, а нивниот радарски систем не бил наместен да следи објекти со таква брзина.

Непознатиот објект се појавил и два дена подоцна, а пилот на Ф-18 цет се обидел да го пресретне, но според тогашното сведоштво, непознатото летало исчезнало.

Необична појава подоцна била забележана и во водите на океанот. На површината пилотите забележале чуден објект во форма на тик-так бонбона. Пилотите во нивната изјава опишале дека забележале цврста, бела мазна површина, без рабови и без крила.

Американскиот авионот за набљудување E-2C Hawkeye успеал да го открие објектот, но не можел да го следи бидејќи непознатиот објект можел да го избегне неговиот радар.

Во извештаите подоцна било објавено дека во тој регион оперирала и нуклеарна подморница.

 

Scroll to Top