Перо Камиказа со мотор до Нордкејп

Петар Георгиевски – Камиказа од култната група „Меморија“ од Скопје стигна со мотор на Нордкејп, најсеверната точка на Европа. Заедно со познатите доктори Ален Јовчевски и Сашо Делиниколов, македонски моторџии од мотоклубот „Букефал“, успеаја да ја остварат целта и да го стават македонското знаме на последната точка на Европа.

„Нема да ви давам податоци само ќе ви кажам дека влез на последната точка од Европа е 28 евра. Убавото време што ние го имавме се случува еднаш во 5 години и среќни сме што сме имале ксмет“, вели Петар Камиказа од „Меморија“.

Тој раскажува дека патувајќи до Нордкејп возеле во тунел под вода направен пред 50 години. По посетата на Нордкејп, следи релито во Шведска на кое ќе учествуваат македонските моторџии. По турата со мотор низ светот, Камиказа го очекуваат подготовки за претстојниот концерт со „Меморија“ на 18 ноември во Скопје, каде ќе настапат првпат по 25 години.

 

 

Scroll to Top